Борусија Дортмунд го награди Нико Ковач за добрата работа со нов договор, со кој хрватскиот стручњак ќе остане на чело на „милионерите“ до јуни 2029 година.
Нико седне на клупата на Борусија пролетта 2025 година, преземајќи го тимот на 11. место на табелата, на крајот успевајќи да обезбеди влез во лигата на Шампионите, воедно и стигнувајќи до финалето од Лигата на Шампионите.
Тој ја водеше екипата на Дортмунд на 53 средби во Бундес-лигата и во просек освојува 2,15 бодови по натпревар, најмногу од било кој тренер на чело на „милионерите“.
„Со Нико имаме беспрекорна соработка, клубот се наоѓа на вистинскиот пат ушт од првиот момент кога тој седна на клупата пред една и пол година.Го кревва нивото на игра, на функционирање на клубот, а самиот знак на потпис на договорот е симбол за стабилноста на Борусија Дортмунд. Нико знае што има овде, знае дека веруваме во него и затоа брзо се договоривме“, изјави спортскиот директор на „милионерите“, Ларс Рикен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
