Нов договор: Ристовски и Динамо Загреб заедно до 2025 година

Стефан Ристовски и Динамо Загреб се договориле за продолжување на соработката до 2025 година, пишува „Јутарњи“ од извори блиски до клубот.

Капитенот на македонската репрезентација има договор до 2024 година, но наводно сега веќе е продолжен, а останува само клубот официјално да ја соопшти оваа информација.

Ристовски во Динамо дојде од Спортинг во февруари 2021 година, и брзо се наметна како еден од носителите на најтрофејниот хрватски клуб. Играше со екипата и во групната фаза во Лигата на шампионите.

Се вчитува...