Нов договор за капитенот: Ројс остана верен на Борусија Дортмунд

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе остане и 12-та година во дресот на „милионерите“ откако денеска го стави потписот на нов, едногодишен договор со својот матичен клуб. Ројс денеска ја прифати новата соработка со Борусија која е до јуни 2024 година.

Ројс е во Дортмунд од 2012 година кога дојде од Борусија Менхенгладбах. Тој потекнува од школата на Дортмунд, но на 17-годишна возраст „жолто-црните“ се решија да го пуштат најпрво во Рој Вајс Ален, а потоа од 2009 до 2012 настапуваше во Менхегладбах. Дортмунд ја увиде грешката, па го врати во 2012 година за 17,1 милиони евра.

Иако имаше понуди во изминатите години, сепак, на крајот се реши да остане во Дортмунд. Особено ќе остане запаметен по изјавата дека „Лојалноста не може да се купи со пари“, откако одби да се пресели во Баерн Минхен.

Ројс ќе остане запаметен и по малерозното момче со повреди. Тој поради повреди ги пропушти Мундијалот во 2014 кој Германија го освои, потоа и Мундијалот во Катар во 2022 година, како и Европските првенства во 2016 и 2020 година. Играше само на СП во Русија 2018 и на ЕП во Полска и Украина во 2012 година.

Се вчитува...