Нов гол на Махмудов во дресот на Дордрехт

Македонскиот интернационалец Денис Махмудов повторно се запиша во листата на стрелците во дресот на Дордрехт во Втората лига на Холандија.

Во 34. коло од шампионатот, Дордрехт загуби со 3-1 на гостувањето против вториот тим на АЗ Алкмар, а Махмудов во 89. минута го постигна почесниот гол за гостите.

Ова е 13-ти гол сезонава за Махмудов со кој се проби во Топ 10 на листата на најдобрите стрелци во втората по квалитет холандска лига.

Се вчитува...