Нов гол за Јован Костовски, пораз на Леувен… (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Јован Костовски ја продолжи својата низа голови во белгискиот шампионат. Тој вечерва беше стрелец за својот тим Леувен во поразот (1-2) на домашен терен против Лирс. Овие тимови играат во групата за пласман во Лигата на Европа, откако веќе се одигра регуларниот дел од сезоната во Белгија.

Јован Костовски влезе во игра во вториот дел, во 66.минута, а само седум минути подоцна успее да се запише меѓу стрелците. Го намали водството на гостите, но Лирс сепак успеа да ги освои трите бода.

Се вчитува...