Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски продолжува со одлучните игри во дресот Олимпија Љубљана на стартот од сезоната. Митровски повторно стрелаше за Олимпија, но неговиот тим на крајот загуби од Браво со 2:1 во мечот од десеттото коло во словенечкиот шампионат.
Ова беше трет гол за Митровски сезонава и се наоѓа делба на осмото место на листата на најдобри стрелци во словенечката Прва лига.
Тој голот го постигна во последните моменти од првото полувреме со што ја анулира предноста на домашниот тим кој поведе во 28-та минута преку Нухановиќ. Голот на Митровски може да го видите на следниот ЛИНК.
Во второто полувреме, Нухановиќ уште еднаш погоди, во 59-та минута, за водство од 2:1 за Браво, а на крајот овој резултат се покажа и како конечен.
Олимпија остана на четвртото место на табелата со 14 бодови, додека Браво е третопласиран со 18 освоени бодови.
Димитар Митровски доби повик од селекторот Гоце Седлоски за претстојните натпревари од Лигата на нации против Швајцарија (26 септември) и Шкотска (3 октомври) во Скопје, и на гостувањата кај Словенија (29 септември) и Швајцарија (6 октомври).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
