Нов гостински триумф на Лазаров во Франција

Нант се зацврсти на второто место на табелата во француското првенство, зад недопирливиот ПСЖ, откако тимот на нашиот Кире Лазаров славеше на гостувањето против Кретеј со 31-35.

Пеколниот ритам на натпревари по дуелот од Лигата на Европа продолжува, но Лазаров и соиграчите не дозволија „кикс“ на домашната сцена, контролирајќи го резултатот и заслужено стигнувајќи до победата. Кретеј пред самиот крај опасно се приближи на само еден гол разлика, но Нант покажа квалитет кога беше најважно, се одлепи на конечните „плус четири“ и прокнижи значајни бодови.

Кире Лазаров немаше свој ден во нападот, ги промаши двата обиди кон противничкиот гол, а зад неговото име останаа запишани две асистенции и две загубени топки. Најефикасни во таборот на Нант беа Ривера со десет и Овничек, Брие и Мин со по четири погодоци.

Се вчитува...