Нов хаос во Грција: Поради поништен гол, газдата на ПАОК го повлече тимот на дербито со АЕК

Нов хаос во грчкиот фудбал. Прекинато е дербито за титулата меѓу ПАОК и АЕК, откако на домашните фудбалери им е поништен погодок во завршницата од мечот. Варела постигна гол, но судијата го поништи, а потоа на теренот влезе газдата на ПАОК, Иван Савидис и го повлече тимот. Се случија несакани сцени, а од раководството на АЕК велат дека Иван Савидис го нападнал нивниот функционер Василис Димитријадис.

Погледнете го погодокот на Варела кој е поништен поради офсајд позиција, а по кој настана целиот хаос…

Сопственикот на ПАОК при влезот на терен носеше и оружје, со кое се закануваше по судиите и службените лица…

Се вчитува...