Нов хаос во Спортинг Лисабон: Суспензии, нервоза, тензии…

Нови хаотични моменти во португалскиот клуб Спортинг Лисабон. По суспензиите кои ги добија фудбалерите по поразот од Атлетико Мадрид во Лига Европа, а кои потоа беа поништени, сега суспензија доби тренерот Жорге Жесус. Неизвесно е дали ќе го води тимот во финалето на Купот на Португалија, иако претседателот на клубот, Бруно де Карвалјо, демантира таков развој на настаните.

„Какви суспензии?! Имаше разговори на висок тон, и одредена тензија, затоа што ни побегна Лигата на шампионите, а тоа е извор на огромни приходи. Но, доволна штета е направена за сега да продолжуваме уште повеќе во таа насока“, изјави претседателот на Спортинг Лисабон.

За португалскиот клуб настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Се вчитува...