Нов „Јокохама пехар“ за Виктор Давидовски

Виктор Давидовски ја извозе во голем стил завршната трка од ТЦР шампионатот, освојувајќи го деветтото место во втората трка што денеска се возеше во Сан Себастијан, Шпанија.

Македонскиот автомобилист возеше фантастично, па иако ја стартуваше трката од 18. место успеа да стигне до дееттата позиција. Потоа, Давидовски напредуваше за уште едно место поради казната на Гиролами, со што Македонецот освои 13 бода, како и нов „Јокохама пехар“ што завршува во рацете на сите возачи со Топ 10 пласман.

За Давидовски ова беше втор „Јокохама пехар“ откако претходно стигна до ист успех и на трката на патеката Монца.

Денешната трка беше и последна во сезоната од ТЦР-шампионатот, во која Виктор Давидовски освои вкупно 26 бода. Нов првак во овој шампионат е Мароканецот Меди Бенани.

Се вчитува...