Нов „кикс“ на Сити – Џонстон ги излуде „граѓаните“

Манчестер Сити дефинитивно не е ниту бледа сенка од тимот што неколку години доминираше на терените ширум Англија, Доказ за тоа беше и вечерашниот дуел против ВБА, на кој „граѓаните“ на домашен терен одиграа само 1-1 против ден од најслабите тимови сезонава.

Гундоган погоди во 30. минута и се чинеше дека избраниците на Гвардиола ќе стигнат до рутинска победа, но ситуацијата се промени по автоголот на Дијаз во 45. минута, прв примен гол на Сити по седум натпревари и пеналот на Салах на дербито со Ливерпул.

„Граѓаните“ тргнаа во тотална офанзива, Пеп го уфрли и Агуеро во второто полувреме, но домашните фудбалери беа излудени од одличниот Џонстон на голот на ВБА. Голманот на гостите најпрвин му одбрани извонреден слободен удар на Де Бруине во 89. минута, за потоа во судиското продолжение да им скине два зицери на Гундоган и на Стерлинг, кои со глава од пет метри не успеаја да ја затресат неговата мрежа.

Се вчитува...