Нов кошмар за Симеоне – се повреди Луис Суарез

Атлетико Мадрид го губи тлото под нозете во трката за титулата, убедливата предност во однос на ривалите сега се намали на само еден бод пред Барселона, а згора на тоа Диего Симеоне остана без својот клучен фудбалер, голгетерот Луис Суаре.

Уругваецот се повреди на последниот тренинг на мадридскиот клуб, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за проблем со мускулот на ногата. Атлетико не соопштува колку ќе изнесува паузата, но неофицијалните прогнози велат дека Симеоне ќе мора да се снаоѓа без Суарез најмалку три седмици.

Најдобриот стрелец на Атлетико секако требаше да го пропушти наредниот дуел со Бетис поради суспензија, но најверојатно нема да биде во комбинација ниту против Еибар, Хуеска и Атлетик Билбао.

Се вчитува...