Шкендија Арачиново се пофали со ново засилување откако доцна синоќа го официјализираше трансферот на Есин Хакај, 29-годишен албански интернационалец кој има и неколку настапи за својата репрезентација.
Хакај има настапувано из а турскиот прволигаш Самсунспор како и за Влазнија, Eлбасан и за Партизани во албанскиот шампионат.
„Левиот бек ќе ја засили оваа страна од нашата одбрана и ќе помогне со своето искуство за остварување на клупските цели. Добредојде во црвено-црното семејство, Есин“, објави Шкендија Арачиново.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
