Нов Македонец во Црвена Звезда: Младиот Антонио Митрев се сели на „Маракана“

Младинскиот репрезентативец на Македонија и досегашен член на Металург, Антонио Митрев, ќе биде нов член на српскиот првак Црвена Звезда. Откако Давид Бабунски и Даниел Аврамовски го напуштија овој клуб, сега младиот Митрев ќе се обиде да се докаже во „црвено-белите“ редови. Српските медиуми информираат дека тој успешно го минал пробниот период и дека треба да потпише тригодишен договор. Во првите шест месеци ќе игра за младинскиот тим под водство на Јован Станковиќ, а потоа ќе се обиде да се докаже и во сениорска конкурнција.

Антонио Митрев вчера наполни 18 години и за полнолетството доби убав подарок, договор со Црвена Звезда.

Се вчитува...