Нов малер – Рафаел Надал позитивен на Ковид-19

Рафаел Надал го снајде нов малер, а овој пат шпанскиот ас јавно објави дека е позитивен на корона вирусот со кој се заразил во Абу Даби, каде што тренираше претходните денови и играше на егзибициски турнир. Веднаш штом слета во татковината, Надал замина на тест на корона, кој покажа дека е позитивен.

Процедурата е позната, Надал ќе мора да биде во карантин, ќе мора да мирува, па поради тоа нема да може да тренира.

„Сакам да објавам дека бев тестиран по враќањето дома од турнирот во Абу Даби и дека мојот ПЦР тест на Ковид беше позитивен. Минувам низ некои не многу пријатни моменти, но верувам дека чекор по чекор ќе се опоравам. Сега сум дома во карантин, ги известив сите луѓе со кои бев во контакт. Како последица на оваа ситуација, ќе морам да бидам тотално флексибилен со распоредот. Ќе ги анализирам опциите во наредните денови и ќе ве информирам за одлуките што ќе ги донесам во однос на турнирите“, изјави Надал.

Шпанецот имаше долга пауза, не играше од Ролан Гарос до пред неколку дена кога одигра два меча на кои доживеа два порази.

 

 

 

Се вчитува...