Нов малер за Ливерпул – Се повреди и Џордан Хендерсон

Ливерпул на полувреме губи со 0-1 во градското дерби против Евертон во Премиер-лигата. Негативата на полувреме не е единствената работа поради која Јирген Клоп треба да биде загрижен бидејќи нема крај на проблемите со повредените фудбалери.

Џордан Хендерсон поради повреда мораше да го напушти натпреварот во 30. минута, а во следните неколку дена по дополнителните прегледи ќе се знае колку време ќе мора да биде надвор од терените. Покрај Хендерсон играчи кои може да играат во одбраната на листата на повредени на Ливерпул се наоѓаат и Матип, Фабињо, Ван Дајк и Жоел Гомез.

 

Се вчитува...