Нов мандат: Чеферин уште четири години на чело на УЕФА

Александар Чеферин ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на УЕФА и во наредните четири години откако Словенецот доби поддршка од делегатите на Конгресот во Рим.

Актуелниот претседател немаше конкурент за функцијата, па ресизборот се одвиваше експресно, овозможувајќи му на Чеферин да остане на чело на европската куќа на фудбалот најмалку до 2023 година. Тој ги собра симпатиите со транспарентното работење откако го наследи Мишел Платини, а извојува и значајна победа во разговорите со елитните клубови, со кои се договори за максимална соработка и ги обврза на неформирање на Супер-лига во следните четири години.

„Веќе реков, додека сум јас претседател, Супер-лига организирана од самите клубови нема да има. Ова не е закана, јас не гледам на клубовите како на непријатели, туку како партнери за подобар фудбал. Мислам дека соработката уште повеќе ќе ни се продлабочи во наредниот период“ – истакна Чеферин.

Се вчитува...