Нов НБА рекорд за Лука Дончиќ, моќните Лејкерс одат по шампионски пат

Далас експресно им се врати на победите по неуспехот во дербито со Лос Анџелес Клиперс и забележа триумф од 120-113 во пресметката со Феникс. Во мечот со многу пресврти, Далас до успехот дојде во завршниот сегемент од средбата. Ова е 12-те победа за „маверикс“ кои имаат и шест порази и со овој биланс се на четвртото место во Западната конференција.

Лука Дончиќ со 42 поени го израмни рекордот на кариерата. Имаше и девет скока и 11 асистенции. Словенецот, ноември го завршува со просечен трипл-дабл со плус 30 поени. Вакво постигнување досега во НБА историјата имаат само Расел Вестбрук и Оскар Робертсон. 20-годишниот бек на Далас оваа сеозна просечно има 30.1 поен и 9.5 асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс се зацврстија на лидерската позиција ов Западната конференција со десеттиот последовне тирумф. Славеа на домашен паркет со 125-103 на Вашингтон. Вкупно, лејкерс имаат 17 победи и само два порази што ги прави во моментов најсупешниот тим во досегашниот тек од сезоната. Ентони Дејвис постигна 26, а Леброн Џејмс 23 поени.

Сан Антонио направи подвиг триумфирајќи над Лос Анџелес Клиперс со 10-7-97. „Спарс“ ја прекинаа серијата на тимот од Лос Анџелес кој пред дуелот имаше седум последовни победи. Клиперс го задржуваат третото место на Запад, Сан Антонио е дури 12-ти во оваа конференција.

Шампионот Торонто исто така ја продолжи победничката серија, славеше на гостувањето кај Орландо со 83-90. Кандскиот тим е второпласиран на Исток зад Милвоки кој исто како и „лејкерс“ врзува серија од 10 последовни успеси. Милвоки триумфираше очекувано во дуелот со Кливленд со 110-119 и дојде до вкупен ефект од 16-3 што е две победи повеќе и пораз помалку од Торонто.

Кармело Ентони со 23 поени имаше одлично издание во победата на Портланд над Чикаго од 107-104. Ветеранот беше одлична поддршка за Демиан Лилард кој со 28 поени беше лидер на тимот. Во тимот на Чикаго, историско постигнување забележа младиот Хасан Вајтсајд. Тој имаше 10 блокади на средбата, што е нов рекорд на фрашизата.

 

 

Се вчитува...