Нов отказ за Иван Јуриќ

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ повеќе не тренер на Аталанта откако раководството на италијанскиот клуб се одлучи за промена на клупата.

Отказот доаѓа поради лошите резултати во текот на сезоната кои кулминираа со поразот од 3-0 од Сасуоло во 11. коло од Серија А.

Јуриќ пристигна во Аталанта како наследник на Гасперини со големи амбиции бидејќи заедно со Италијанецот соработуваа седум години, прво во Кротоне, а подоцна и во Џенова.

Се вчитува...