Нов пораз на Барди и Леванте во Ла лига (ВИДЕО)

Леванте на нашиот интернационалец Енис Барди загуби на гостувањето кај Елче со 1-0 во натпревар од 32. коло во шпанската Ла лига. Клучниот момент во натпреварот се случи во 32. минута кога Боје постигна гол за триумф на домаќините.

Леванте со третиот пораз во низа останува на 12. место со 38 бода, додека Елче сега е 16. со 30 бода.

 

Се вчитува...