Нов пораз на Џенова, за Пандев последните 15 минути… (ВИДЕО)

Продолжува очајната резултатска низа на Џенова во италијанскиот шампионат. Во 14. коло од Серија А, Џенова загуби со 2-1 на гостувањето во Торино во натпревар во кој капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ги одигра последните минути на дуелот.

Сите три погодоци паднаа во првиот дел. Џенова уште од 28. минута остана без Ромуло по неговиот втор жолт картон, но и покрај тоа дојде до водство преку Коуаме во 36. минута.

Сепак, до полувремето домашните постигнаа два гола и тоа двата во судиското продолжение на првиот дел. Најпрво погоди Ансалди а веднаш потоа и Белоти од пенал.



РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО

Милан – Парма 2-1

Фросиноне – Каљари 1-1

Сасуоло – Удинезе 0-0

Торино – Џенова 2-1

Киево – Лацио (18 ч.)

Рома – Интер (20:30 ч.)

 

Се вчитува...