Нов пораз на Металург, Силкеборг си оди од Скопје со рутинска победа

Металург  останува само на една победа во групната фаза од ракометната Лига на шампионите. Во дуелот од деветтото коло од конкуренцијата „Ц“ загуби од лидерот Силкеборг со 33-29.

Металург беше пристојно конкурентен во поголемиот дел од средбата и ја одржуваше предноста на данскиот состав најмногу на три гола. Ова се до средината од второто полувреме кога гостите го скршија отпорот на младиот тим на Данило Брестовац и ја зголемија преднота на максималните седум гола предност. До крајот Металург имаше сила само да одржува коректна висина на разликата.

Шпенде и Рибеиро со по седум гола беа најефикасни кај Металург кој останува на дното од табелата сосамо два бода.

До крајот од настапите во Лигата на шампионите оваа сезона, Металург има уште само еден натпревар, гостувањето кај Татран Прешов следниот викенд.

Се вчитува...