Нов пораз за Леванте, Барди остана на трибини

Леванте веќе 12 натпревари во Примера не знае за триумф, а вечерва на домашен терен претрпе нов пораз од Реал Бетис со резултат од 2-0. Гостите од Андалузија до рутинираната победа стигнаа без поголеми проблеми, доминирајќи во поголемиот дел од мечот. Македонскиот репрезентативец Енис Барди не се најде на списокот на Хуан Рамон Муниз за овој натпревар поради ситна повреда.

Автоголот на Чема во 55. минута донесе водство на Бетис, а по петнаесетина минути Леон ја „запечати“ судбината на Леванте.

По овој пораз Леванте се ноѓа над зоната за испаѓање со 20 бодови, а  Муниз поради лошите резултати е пред отказ од клубот. Бетис пак продолжува да биде најпријатното изненадување сезонава, моментално ја презедоа седмата позиција на табелата со вкупно 36 бодови по 25 натпревари во Примера.

Се вчитува...