Нов позитивен случај на коронавирус во Интер

Коронавирусот забрзано се шири и во таборот на Интер.  По позитивните тестови на Бастони, Шкриниар, Галјардини и Наинголан денеска е евидентиран нов случај во екипата на Антонио Конте.

Фудбалерите кои не се отпатувани на репрезентативни настапи беа тестирани, по што беше добиен позитивен резултат на голманот Андреј Раду. Сите овие играчи  дефинитивно ќе го пропуштат градското дерби со Милан на 18 октомври бидејќи им е одредена самоизолација во времетраење од 14 дена.

Во меѓувреме, од Милан стигнаа информации дека Ибрахимовиќ и Дуарте биле позитивни и на последните тестирања во таборот на „росонерите“. Сепак, во овој клуб владее оптимизам дека во следните десет дена Ибракадабра ќе оздрави и ќе има два негативни теста, со што ќе добие зелено светло за враќање на тренинзи, за да може да настапи на пресметката со Интер.

Се вчитува...