Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер се соочи со нова пречка во обидот да се опорави од повредата на десното колено.
По последните медицински прегледи, на Италијанецот му е препорачано целосно да се воздржи од тениски тренинзи најмалку до 6 септември. Синер веќе го откажа настапот на Отвореното првенство на САД, кое е во тек, поради проблемите со коленото.
Синер последен пат настапи на турнирот во Вимблдон, каде што ја освои титулата, но оттогаш не успеа да се врати во целосен ритам. Поради повредата ги пропушти и турнирите во Монтреал и Синсинати, а сега неизвесно е кога повторно ќе може да излезе на терен.
Иако дополнителните прегледи не покажале сериозно оштетување, Синер и неговиот тим не сакаат да преземат никаков ризик и одлучиле целосно да го продолжат периодот на одмор.
За Италијанецот ова е голем проблем во продолжението на сезоната, бидејќи по Отвореното првенство на САД следуваат важни турнири, меѓу кои Пекинг, Шангај, Париз и завршниот АТП турнир.
Сепак, приоритет во моментов е целосното закрепнување. Синер ќе може да започне со тренинзи дури откако медицинскиот тим ќе даде зелено светло, а првите проценки се дека тоа нема да се случи пред 6 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
