Нов рекорд на фантастичниот Лионел Меси

Лионел Меси ќе ја предводи Барселона на незгодното гостување против Реал Сосиедад, меч на кој Лионел Меси ќе урне уште еден фантастичен рекорд на каталонскиот гигант.

Имено, ова ќе биде 768. натпревар што Меси ќе го игра во дресот на Барселона, со што ќе стане играч со најмногу настапи во историјата на каталонскиот гигант. Досег овој рекорд беше сопственост на Чави, кој од вечерва ќе падне на второто место на вечната листа на играчи со најмногу натпревари за Барселона.

Според статистиката на весникот „Ел Мундо Депортиво“, Меси досега одиграл 511 средби во Ла Лига, 79 во Копа дел реј, вкупно 149 во Лигата на Шампионите, 20 во Супер-купот на Шпанија, четири во Супер-купот на Европа и пет одиграни натпревари на клупските мундијали. Притоа, Меси на досегашните 767 средби има постигнато 661 гол за Барса.

Се вчитува...