Нов рекорд на Леброн Џејмс, сега на чекор од Мајкл Џордан

ЛА Лејкерс дојдоа до осмата победа по ред во НБА лигата, триумфирајќи против Сан Антонио во натпревар во кој брилјираше Леброн Џејмс со 33 поени и 14 асистенции.

Леброн го одлучи мечот со четири тројки во последната четвртина со кои го однесе својот тим до победа. Со тоа, постави и уште еден рекорд во својата брилијантна кариера. Леброн Џејмс стана петтиот кошаркар во историјата на НБА лигата со 12.000 погодени шутеви од игра.

Уште во текот на оваа сезона би можел да го престигне Мајкл Џордан на петтото место кој од игра беше успешен 12.192 пати. Понатаму следат Вилт Чемберлен (12.681) и Карл Мелоун (13.528), а прв е Карим Абдул-Џабар со 15.837 погодени шутеви од игра.

Се вчитува...