Нов рекорд на Меси – Само бод за Барса против Кадиз (ВИДЕО)

Барселона одигра нерешено 1-1 на домашен терен против Кадиз во натпревар од 24. коло во шпанската Ла лига. Каталонците поведоа со голот од пенал на Меси во 32. минута, додека конечните 1-1 ги постави Лозано во 89. исто така од пенал.

Меси на овој натпревар против Кадиз урна уште еден рекорд. Ова за Аргентинецот беше 506 натпревар за Барселона во Ла лига со што го помина досегашниот рекордер, легендарниот Чави.

 

 

 

 

 

Се вчитува...