Новак Ѓоковиќ испиша нови страници во тениската историја откако славеше над Сафиулин од Русија со 3-1 во сетови и се пласираше во четвртфиналето од Вимблдон. Она што е уште поважно, овој триумф беше вкупно 106. во кариерата на Ѓоковиќ на британскиот гранслем, со што Новак стана најуспешен тенисер во историјата на Вимблдон, минувајќи го рекордот на Роџер Федерер кој имаше 105 победи на овој турнир.
Првиот сет донесе многу возбудувања, Ѓоковиќ отвори се брејк, но Сафиулин веднаш возврати, по што рускиот тенисер поведе и со 5-2. Ѓоковиќ спаси две сет топки на свој сервис при овој резултат, по што Србинот влезе во ритам, израмни на 5-5, а потоа и го доби сетот во тајбрејк.
Вториот сет беше израмнет до 2-2, кога Новак успеа да ги искористи грешките и нешто послабиот сервис на противникот и славеше со 6-3. Сафиулин не се предаде, успевајќи да возврати во третиот сет со 3-6 и да намали на 2-1 во сетови за српскиот тениски великан.
Ѓоковиќ имаше одговор, набрзина поведе со 3-0 на самиот старт од четвртиот сет, трасирајќи си го патот до победата осигурана со конечните 6-3.
Следен противник на српскиот тенисер во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу третиот носител Оже Алијасим од Канада и Шпанецот Давидович Фокина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
