Нов шок од Охрид: Тренерот Илиевски си поднесе оставка

На пресвртите во кошаркарски Охрид како да им нема крај, градот реши да излезе во пресрет и да помогне клубот да опстане, но овој проект нема да биде предводен од страна на Марјан Илиевски. Тренерот што го состави квалитетниот ростер и кој го водеше тимот во овој подготвителен период беше избор и на новото раководство на охриѓани, но Илиевски изненадувачки реши да се повлече од функцијата.

„Ја поздравувам иницијативата на Советот на Град Охрид и настојувањата да се најде решение за клубот да опстои според претходно утврдениот буџет. За жал, моја одлука е да си заминам од клупата на охриѓани, причините се лични и не би сакал да навлегувам во истите. Им посакувам многу среќа на новата управа и на кошаркарите, заедно со тренерот кој ќе ги води во следниот период. Одлуката е конечна и нема никаква шанса да се премислам“ – изјави Илиевски за ЕКИПА.

Ова е шокантна разврска со оглед на фактот дека тренерот Илиевски беше предводник на овој проект и со стариот газда на АВ Охрид, но и со градските власти кои во текот на утрешниот ден би требале да го преземат управувањето со клубот.

Се вчитува...