Нов шок во Белград, Црвена звезда го загуби и вториот меч пред своите гледачи

Кошаркарите на Црвена звезда им приредија ново разочарување на своите навивачи, го претрпеа вториот пораз во вториот натпревар пред своите гледачи во Евролигата.

По поразот во првото коло во белградска „Арена“ од Жалгирис, вечерва подобар од „црвено-белите“ беше израелскиот Хапоел Тел Авив кој славеше со 80:81.

Иако Хапоел победи само со еден разлика, резултатот не ги остликува случувањата на теренот бидејќи Црвена звезда постојано беше во негатива.

Уште од стартот Хапоел поведе со 2:8, а потоа дојде и до двоцифрена предност (15:26). Црвено-белите до крајот на првото полувреме успеаја да се вратат, и да го имаат само второто водство на мечот по стартните 2:0, по тројката на Картер поведоа со 35:34.

Одговорот на Хапоел беше серија од 0:9 и ново водство. Второто полувреме помина во обид на „црвено-белите“ резултатски да се вратат во игра, но не успеаја. На една минута до крајот беше 70:80 со што беше јасно кој ќе слави, а до крајот Црвена звезда успеа само да се избори за минимален пораз од 80:81.

Елајџа Брајант со 18 поени и 10 скока беше најдобар кај Хапоел, додека Батлер со 19 поени беше најрасположен за игра кај Црвена звезда.

Фенербахче со убедливи 100:76 го декласира Баерн Минхен и ја оствари втората победа во Евролигата.

Се вчитува...