Нов шок за Барселона, уште еден играч на листата на повредени!

Младиот играч на Барселона, Роналд Араухо, се повреди синоќа на мечот против Бетис и беше заменет со Де Јонг во 12. минута од натпреварот. По денешните дополнителни прегледи, пристигнаа лоши вести за тимот од Каталонија, а истите велат дека следува подолга пауза за нивниот одбранбен играч.

Араухо го очекува подолга пауза, што значи дека ќе ги пропушти натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ, дуелот од полуфиналето на Купот на кралот и неколку важни натпревари во Ла Лига.

Играта на Барселона не е на највисоко ниво оваа сезона. Повредата на Араухо е само уште еден удар за Куман пред можеби одлучувачките натпревари сезонава.

Се вчитува...