Нов шок за Голден Стејт – Кари ќе мора да паузира три месеци

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари ќе мора да паузира три месеци, откако се здоби со скршеница на левата рака на мечот против Феникс. Тимот кој доминираше со лигата минатите пет години очајно ја почна новата сезона, а долгото отсуствување од терените на првата „ѕвезда“ значи дека тимот ќе мора да влезе во фаза на ремонт за следната година.

Кари би требало да се врати во месец февруари, што значи дека тимот тешко ќе успее да обезбеди плеј-оф на Западот со моменталнио ростер кој го имаат.

 

Се вчитува...