Нов шок за Клоп: Жота пред долга пауза

Јирген Клоп се соочува со нов огромен проблем во продолжението од премиерлигашката сезона по повредата што ја заработи Диого Жота. Клоп на прес-конференцијата пред мечот со Фулам откри дека португалскиот голгетер е повреден и дека чека резултати од лекарските прегледи, а според последните информации вестите се многу лоши за германскиот стратег.

Португалскиот весник „Рекорд“ вечерва објави дека повредата на Жота е сериозна и овој фудбалер ќе отсуствува најмалку два месеци од терените. Станува збор за проблем со коленото, на што Португалецот се пожалил веднаш по мечот со Митјиланд, а клупските лекари по којзнае којпат оваа сезона мораа да му пренесат лоши вести на Клоп.

Жота извонредно ја стартуваше авантурата во Ливерпул по трансферот од Вулверхемптон, но сега ќе пропушти низа суперзначајни натпревари на „црвените“, два премиерлигашки дуели со Тотенхем, како и домашните пресметки со Манчестер Сити и со Манчестер Јунајтед.

Само за потсетување, Клоп до крајот на сезонава ќе ги нема на располагање најдобрите дефанзивци Ван Дајк и Гомез, а се уште е неизвесно и кога на терените ќе може да се врати најголемото летно засилување, Тијаго Алкантара.

Се вчитува...