Нов систем: Тенисерите може само да напредуваат на АТП листата

За да биде обезбедена коректност за играчите на сите нивоа со оглед дека во 2020 ќе имаат многу помалку турнири на располагање, Асоцијацијата на тениски играчи објави ревидиран принцип за бодување на АТП листата која ќе важи од 14. август за кога е закажано продолжението од сезоната.

Според новите правила при бодувањето ќе бидат земени предвид резултатите од 22 масеци, поточно од март 2019 до декември 2020 година. Ако тенисер оствари послаб резултат оваа во однос на претходната година, во рангирањето ќе се смета подобриот резултат. Ова значи дека ниту еден тенисер не може да оди надолу на листата која беше замрзната во март, туку само да напредува.

На пример, Рафаел Надал ќе си ги задржи бодовите од ланските титули на Ролан Гарос и на УС Опен без разлика што ќе направи годинава и овие бодови ќе му важат до одржувањето на овие турнири во 2021 година. Во случај турнирот да е откажан, важат бодовите од минатата година. Со ова им се овозможува на тенисерите дури и да не играат оваа година ако евентуално стравуваат за здравјето поради пандемијата на коронавирусот.

 

Се вчитува...