Нов скандал го тресе српскиот фудбал: Партизан не сака да игра против Црвена звезда во Купот на Србија

Со голем пресврт во финишот на средбата (3-2), Црвена Звезда го совлада Партизан во големото српско дерби, и се доближи до нова титула во првенството на Србија. „Црвено-белите“ сега имаат 10 бодови предност од својот ривал, и се чини дека ќе дојде до нов пехар во шампионатот.

По натпреварот ФК Партизан се огласи со соопштение во кое вели дека размислуваат дали ќе се појавот на теренот на Куп натпреварот кој е закажан за во среда.

„Срамниот судија, кој го украде и го уништи „вечното дерби“, го направи она за што беше испратен. Партизан ќе размисли дали ќе игра полуфинале од Купот на Србија, затоа што не гледаме поента да се игра игра каде што некој Павле Илиќ веќе ќе го одредил резултатот!!!! Срамниот судија Павле Илиќ вторпат по ред го украде фудбалскиот клуб Партизан и на свој единствен и перфиден начин го уништи 173. вечно дерби. Човек кој очигледно нема срам или основно судиско знаење се обиде да го масакрира нашиот клуб и играчите, кои машки се бореа против ривалот, но и против главниот судија, како 12. играч од другата страна на теренот. По уште еден натпревар во кој истиот судија сериозно не оштети и ни оневозможи да победиме во натпревар во кој во најголем дел бевме подобриот тим и имавме водство. Поради оваа причина, фудбалскиот клуб Партизан во наредните денови ќе одлучи дали воопшто ќе го игра Куп натпреварот со Црвена звезда, бидејќи не сакаме повторно да бидеме потценети од некој аматерски судија Павле Илиќ и други како него, кои се праќаат на задача од Судиската организација“, велат од Партизан.

Се вчитува...