Нов скандал пред СП: САД му забрани влез на најдобриот африкански судија

На само неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал 2026 година, спортската јавност е во шок по бранот одбиени визи и строги визни рестрикции наметнати од американската администрација за странски државјани. Новите правила сериозно го загрозуваат доаѓањето на илјадници фудбалски фанови и логистички претставници од целиот свет.

Според неколку светски медиуми, на сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан, кој беше избран од ФИФА да ја дели правдата на Светското првенство, му беше одбиен влез во САД по пристигнувањето и беше вратен во Турција, каде што претходно се подготвуваше за турнирот.

Се работи за 34-годишен судија кој оваа година испиша историја станувајќи првиот судија од Сомалија вклучен на листата на судии за Светското првенство.

Посебна конфузија предизвикува фактот што само неколку дена претходно медиумите објавија дека Артан успешно добил американска виза и дека сите административни пречки за неговото пристигнување на Светското првенство се решени.

Се вчитува...