Нов случај на Covid-19 во Интер

Интер се соочува со нов проблем поради коронавирусот откако беше обелоденето дека и Марсело Брозовиќ е позитивен на Covid-19. Информацијата ја објави Хрватска Фудбалска Федерација, обелоденувајќи дека при последното тестирање пред Лигата на Нации добиени се два позитивни резултата, на Брозовиќ и на еден член на стручниот штаб .

„Последните тестирањата покажаа дека позитивни на коронавирус се фудбалерот Марсело Брозовиќ и член на стручниот штаб. Двајцата се веднаш ставени во изолација. Интер беше информиран за позитивниот тест“, објави „куќата на фудбалот“ на Хрватска.

Ова се нови проблеми со коронавирус и за хрватскиот национален тим, откако позитивен беше и Домагој Вида, но искусниот дефанзивец информацијата ја дозна на полувремето од пријателскиот меч со Турција, по што веднаш беше заменет.

Се вчитува...