Нов случај на коронавирус во Интер

Коронавирусот се повеќе се шири во редовите на Интер, откако денеска беше утврден и шести фудбалер на „нероаѕурите“ кој е позитивен на Covid-19. Станува збор за Ешли Јанг, англискиот интернационалец чии резултати по вчерашното тестирање се покажале позитивни.

„Интер објавува дека Ешли Јанг е позитивен на Covid-19 по тестирањето што беше извршено во тренинг-центарот Апијано Џентиле. Англискиот фудбалер веќе се наоѓа во самоизолација во својот дом“, објави клубот од Милано на официјалната веб-страница.

Во претходните денови позитивни на коронавирус во редовите на Интер беа и Алесандро Бастони, Милан Шкриниар, Раџа Наинголан, Јонут Раду и Роберто Галјардини. Јасно е дека „нероаѕурите“ ќе бидат сериозно ослабени за претстојното градско дерби со Милан, за кое противникот ќе биде значително засилен со враќањето на Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...