Нов спорт од ЗОИ во 2026 година

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) едногласно го вметна скијашкото планинарење во програмата на Зимските олимписки игри од 2026 година кои ќе се одржат во Милано и Кортина Д’ампецо.

Спортистите ќе се натпреваруваат во пет дисциплини. Спринт трки за мажи и жени, поединечно во двете конкуренции, како и микс штафети.

Ова воедно ќе биде првиот нов спорт на Зимските олимписки игри од 1998 година и игрите во Нагано, Јапонија.

Се вчитува...