Трипл-дабл за историја на Јокиќ, Далас се снаоѓа и без Дончиќ (ВИДЕО)

Со 33-от трипл-дабл во кариерата, Никола јокиќ се проби на 10-то место на вечната листа во НБА лигата израмнувајќи се со Боб Коузи и му помогна на Денвер да забележи победа од 109-100 над Минесота. Џамал Мареј беше прв стрелец во тимот со 28 поени. За Денвер ова е петта последовна победа, 19-те вкупно сезонава, има и осум порази и сега е на вторто место во Западната конференција зад Лос Анџелес Лејкерс, а пред Лос Анџелес Клиперс.

И во отсуство на Лука Дончиќ, Далас забележа тирумф  против Филаделфија. Славеше на гостувањето со 98-117, а главниот збор го имаше Кристап Порзингис кој постигна 22 поени, а имаше и 18 скока. Далас е на вкупен биланс 19-9 и е на четвртото место во Западната конференција. Филаделфија кај која Џоел Ембид имаше 33 поени и 17 скока  е на шестата позиција на Исток со ефект од 20 победи и 10 порази.

НБА резултати:

Кливленд  – Мемфис 114:107, Индијана – Сакраменто 119:105, Бостон – Детроит 114:93, Торонто – Вашингтон 122:118, Мајами – Њујорк 129:114, Оклахома  – Феникс 126:108, Портланд – Орландо  118:103, Голден стејт  – Њу Орлеанс  106:102.

 

Се вчитува...