Нов трипл-дабл на Јокиќ, Хјустон ја доби драмата со Лејкерс (ВИДЕО)

Денвер одржува чекор со Голден Стејт на врвот на табелата во Западната конференција. Дојде до 31. победа сезонава, само една помалку од лидерот, двете екипи имаа по 14 порази. Никола Јокиќ со шестиот трипл-дабл сезонава го предводеше Денвер во победата од 124-102 над Кливленд. Јокиќ постигна 19 поени, имаше и 12 асистенции и 10 скока.

Лос Анџелес Лејкерс испуштија победа во пресметката со Хјустон. Ерик Гордон погоди тројка во финишот на продолжението и ја донесе победата од 138-134 во натпреварот во кој во регуларниот дел Хјустон воопшто и не водеше, а Лејкерс во третиот сегмент имаа и 20 поени предност. Гордон со 30 поени беше клучен за победата бидејќи погодуваше во решавачките моменти. Џејмс Харден имаше 48 поени. Кај Лејкерс Кајл Кузма со 32 поени беше прв стрелец.

Хјустон со биланс од 25/19 е на петтото место на Запад, а Лејкерс повторно се дветтопласирани и на границата која води во плеј-офот.

Лука Дончиќ со осум поени беше прескромен во поразот на Далас од Индијана со 111-99, Бостон неочекувано се мечаше за победата на Атланта од 113-105, триумфи забележаа и двете водечки екипи во Источната конференција, Милвоки го победи Орландо со 118-108, а Торнто без Кави Ленард славеше над Мемфис со 119-90. Гостински победи остварија Сакраменто и Мајами. „Кралевите“ славеа тесно со 103-101 во дуелот со Детроит, а Мајами со 117-103 беше подобар од Чикаго.

Се вчитува...