Нов трипл-дабл на Јокиќ во НБА лигата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс стигнаа до нова победа во НБА лигата откако славеа на домашен терен против Њу Орлеанс пеликанс со 125-113.

Повторно најдбар поединец на паркетот во тимот од Колорадо беше Никола Јокиќ кој запиша нов трип-дабл учинок завршувајќи го мечот со 27 поени, 14 скока и 13 асистенции. Одлична вечер имаше и Мајкл Портер џуниор кој заврши со 36 поени. Кај поразените недоволен беше 41 поен на Треј Марфи.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Атланта 130-132, Шарлот – Вашингтон 114-124, Њујорк – Хјустон 124-118, Оклахома – Милвоки 125-96, Минесота – Сакраменто 114-116, Мемфис – Сан Антонио 128-109, Јута – Индијана 111-112, Портланд – Феникс 121-119 и Голден Стејт – Орландо 104-99.

Се вчитува...