Нов триумф на „македонскиот Валјадолид“ во Ендеса

Македонските интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски денеска имаа причина за ново славје откако со својот тим Валјадолид стигнаа до четвртиот овосезонски триумф во шпанскиот шампионат. Валјадолид на домашен терен го пречека составот на Куенка, по голема борба успевајќи да стигне до триумф (29-26) со кој се искачи на четвртото место на табелата во Ендеса-лигата.

Пред крајот на првото полувреме во кој Валјадолид успеа да се одлепи резултатски и на одмор да замине со предност од три гола (15-12). Гостите не само што се вратија во вториот дел, туку во неколку наврати имаа и по еден гол предност (последен пат при 20-21). Домашните ракометари во вистински момент се разбудија, успевајќи да го свртат резултатот во своја полза, повторно да се одлепат и да не дозволат низвесна завршница.

И Димитриоски и Димитриевски го завршија натпреварот со по еден постигнат гол, а најефикасен во таборот на Валјадолид беше Николо Д’Антило со шест погодоци.

Се вчитува...