Нов циркус во Италија: Иџе доби нова драконскa казна и револтирано ја напушти трката

Најдобриот македонски автомобилистите Игор Стефановски крајно револтиран по вчерaшните случувања на ТЦР Италија, не ја заврши и денешната втора трка во Имола откако организаторите му доделија уште пожестока казна.

Иџе одлично напредуваше во текот на трката откако стартуваше од седмото место и дојде до третото кое му гарантираше подиум. Но, поради еден инцидент од почетокот на трката, Италијанците одлучија да му доделат драконска казна од неверојатни 25 секунди. Ваквиот расплет втор ден по ред му одзема втор добар резултат на македонскиот возач, па тој во знак на протест одлучи да не ја доврши трката, паркирајќи се во боксот во претпоследниот круг.

Срамен однос од организаторите кон македонскиот автомобилистит кој најави соодветна реакција по сите несакани случувања во Италија.

Се вчитува...