Нов убедлив триумф на Лина Ѓорческа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стигна до нова убедлива победа на шампионатот на Источна Европа. Таа во својот трет меч ја декласираше турската тенисерка Чемре Анил со идентични 6-1 во двата сета.

Утре Ѓорческа во последното коло од првата групна фаза во борбата за прво место ќе игра против Бугарката Викторија Томова која во моментов се наоѓа на 130. место на ВТА листата. Ѓорческа веќе избори пласман во вториот дел од натпреварувањето каде следната недела подобро рангирани тенисерки ќе се придружат во вториот круг.

Претходно на турнирот Македонката беше подобра и од Србинката Сретеновиќ и Хрватката Дражиќ.

Се вчитува...