Нов удар за МЗТ: Ван Острум го повреди коленото (ФОТО)

Анте Назор не може да крене глава од проблеми на завршниот турнир од Купот на Македонија. Стефан Синовец поради повреда не настапува во Кавадарци, а на вчерашниот дуел со Кожув настрада Клоф, кој не го игра вечерашното полуфинале со Фени индустри. Главоболките на тренерот на „металците“ уште повеќе се зголемија вечерва, откако во првата четвртина од мечот со Фени тешка повреда заработи Девон ван Острум.

Британскиот плејмејкер, кој прикажува добри игри во дресот на „металците“ во последно време, го повреди коленото при доскокот од едно лесно положување, по што остана да лежи како покосен под кошот на кавадарчани. Веднаш стана очигледно дека повредата е многу сериозна, Ван Острум на рацете на соиграчите беше изнессен од теренот и јасно е дека тој ќе паузира подолго време од кошаркарските терени.

IMG_7507 IMG_7565 IMG_7576 IMG_7577 IMG_7585

Се вчитува...