Нов удар за Реал: Винисиус паузира два месеци!

Сантијаго Солари како да нема доволни проблеми со очајните резултати, па згора на тоа тренерот на Реал Мадрид остана и без еден од најдобрите фудбалери во изминатиот период. Бразилецот Винисиус ќе мора да паузира околу два месеци од терените откако беше обелоденето дека повредата заработена во првото полувреме од мечот со Ајакс е од посериозен карактер.

Деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигамент на десната нога“ – соопштија од лекарскиот тим на Реал, за дополнителни главоболки на стручниот штаб.

Винисиус ја почна сeзоната во вториот тим на Реал Мадрид, со доаѓањето на Солари беше прекомандуван во првата екипа, каде се наметна како еден од лидерите на „кралскиот клуб“ во последните два месеци.

Се вчитува...