Нов удар за Србија: И Калиниќ го пропушта Евробаскет?!

На проблемите со составот на српската репрезентација им нема крај, па така селекторот Александар Ѓорѓевиќ има нов проблем – Никола Калиниќ. Кошаркарот на Фенербахче подолго време влече незгодна повреда на грбот, воопшто не настапи на турнирите во Германија и во Грција, а шансите за негов настап на Евробаскет 2017 се сведени на минимум.

Се чувствувам катастрофално. Да бидам искрен, да немаше волку откажувања досега, јас сигурно ќе бев веќе дома. Сепак, чувствувам обврска кон соиграчите и кон сите останати, да се обидам да се оспособам за настап. Сакам да играм на Евробаскет 2017, но телото не може да го издржи тоа. Пет или шест години пренапорни сезони, потоа напорни лета, се случи сериозен проблем, не само за кариерата, туку и за животот по завршувањето со играње кошарка“ – разочарано изјави Калиниќ за српските медиуми.

Само за потсетување, селекторот Александар Ѓорѓевиќ за овој Евробаскет нема да може да смета на Теодосиќ, Бјелица, Јокиќ, Радуљица, Милутинов…

Се вчитува...