Нов Зеланд ги урна надежите на Црна Гора, Австралија сигурна против Сенегал

Нов Зеланд ја совлада Црна Гора со 93-83 во второто коло од групата Ф на Светското првенство во Кина. Новозеланѓаните подобро го отворија мечот и со добра игра во нападот на полувреме заминаа со предност од плус девет (53-44). Второто полувреме одлично го отворија Црногорците, добивајќи ја третата четвртина со осум разлика, а на стартот на последната четвртина стигнаа и до предност од еден разлика 67-66. Сепак, тоа беше се што успеаја да направат избраниците на Митровиќ, бидејќи Нов Зеланд со серија од 9-0 стигна до нова убедлива предност од осум разлика, која успеа да ја задржи до самиот крај за конечна победа од 93-83. Вебстер уфрли 25 поени, а Фоту 20 во таборот на Нов Зеланд. Кај Црна Гора најефикасен беше Ивановиќ со 18 поени.

Австралија стигна и до втората победа на шампионатот, откако го совлада Сенегал со 81-68. Клучната разлика „кенгурите“ ја направија во третата четвртина која ја добија со седум поени разлика. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Џои Инглс кој беше блиску до трип-дабл учинок. Инглс мечот го заврши со 17 поени, надополнети со 10 скока и 9 асистенции. Кај Сенегалците најефикасен беше Џане Далмеида со 14 поени.

Се вчитува...